Билтенот на МВР секојдневно преплавен со семејни насилства, особено врз жените, постои ли надеж за општеството и младите брачни двојки? Повозрасните граѓани на терен се прашуваат каде ли исчезнаа почитта, толеранцијата и разбирањето. Велат, младите, но веќе и оние околу 50 тата година, повеќе не се поднесуваат и сè завршува со ќотек и брз развод. Прашањето е има ли крај на ваквата нетрпеливост и ќе се врати ли почитта меѓу партнерите?
Причините според анкетираните се многубројни. Една од главните е живеењето во заедница, а потоа велат и финансиската нстабилност.
Според повозрасните, денес недостигаат толеранција, трпение и меѓусебно разбирање, а младите се помалку се подготвени да попуштат и да ги надминат несогласувањата.






