Поради планирани прекини во снабдувањето со електрична енергија, утре (7 август 2026 година) без струја ќе останат повеќе делови од општините Тетово и Брвеница.
Во Тетово, прекинот е планиран во периодот од 06:00 до 06:30 часот. Без електрична енергија ќе бидат делови од централното градско подрачје, односно објектите кај Старо Симпо, кај Стара градинка, кај Културен дом, позади КИСС ТВ, како и делови од Дреновец и Поток.
Во Брвеница, планираниот прекин ќе трае од 08:40 до 14:10 часот. Со прекин во снабдувањето ќе бидат опфатени Брвеница, Долно Седларце, објектите на влезот во Брвеница, како и објектите кај Сока, Мариф, кланица Единство, Ледер и Палфи.
Од надлежните апелираат граѓаните и компаниите навреме да ги планираат своите активности и да преземат соодветни мерки за време на планираните прекини.






