Поради планирани прекини во електро-дистрибутивната мрежа, во понеделник (10 август) без електрична енергија привремено ќе останат делови од Тетово, Теарце и Рогачево.
Според најавата, во Рогачево прекинот е планиран од 09:00 до 14:00 часот. Опфатена е локацијата на влезот пред селото, кај викендичките, во близина на ТС „Рогачево 2“, извод 1.
Во Теарце, прекинот ќе трае од 09:00 до 14:01 часот, а без струја ќе биде дел од село Пршовце.
Во Тетово, електрична енергија ќе нема од 09:15 до 14:00 часот во дел од Мала Речица, како и во објектите што се наоѓаат од „Текјето“ кон сточниот пазар.






