„Јас дојдов, завршено е“ – Сали Бериша тврди дека му е укината „црната листа“ од САД
По повеќе од пет години од одлуката за забрана за влез во САД, лидерот на Демократската партија Сали Бериша денес изјави дека мерката е укината, што тој го оцени како негова лична победа.
Изјавата ја даде од собраниската говорница за време на седница, без да одговара на новинарски прашања, и беше пречекана со аплауз во Собранието.
Засега нема официјална потврда од американскиот Стејт департмент или од Амбасадата на САД за ваква одлука.








