На денешната седница на Владата, Беким Сали официјално ја презеде функцијата Прв заменик-претседател на Владата.
Сали истакна дека ова именување не претставува само титула, туку голема доверба и сериозна морална и национална обврска да биде во служба на сите граѓани, без разлика, и да ги реализира проектите од суштинско значење. Тој посочи дека во изминатите речиси две години Владата покажала дека со волја, визија и посветеност резултатите не изостануваат.
„Вработувањето и унапредувањето на илјадници млади луѓе, изградбата на Кампусот на Универзитетот „Мајка Тереза“, финансиската поддршка за општините, решавањето на прашањето со Медресето, како и економскиот раст и развој, се конкретни дела што зборуваат погласно од зборови“, објави Сали.







