Кандидатурата на Невзат Бејта за градоначалник на општина Гостивар дојде како изненадување на политичката сцена. Иако подолго време беше надвор од политиката, тој вели дека сè уште има енергија за да придонесе и дека не се чувствува исцрпен.
„Во демократијата се мери силата на еден политичар според тоа колку поддржувачи има. Ако од партијата го исклучиш еден член кој има поддршка од мнозинството гласачи, тогаш ги разочаруваш гласачите и постепено таа партија се уништува. Ако околу себе имаш млади или стари, но кои немаат поддршка од гласачите и не се со гласачите… Јас никогаш не сум се оддалечил од гласачите и граѓаните и секогаш сум бил со нив.“, рече Бејта.
Бејта ќе се натпреварува како кандидат на ВЛЕН. Иако оваа коалиција лошо помина во првиот круг, Бејта е уверен во победа, бидејќи како што рече, ќе смета и на гласовите од ДУИ.
„Не можам да кажам сите, но мнозинството гласачи и активисти ќе гласаат за мене. Јас никогаш не го критикував претседателот Али Ахмети. Никогаш не ги навредив моите гласачи и моите членови. Тешки навреди кон гласачите на ДУИ и кон членовите на ДУИ и кон лидерот на ДУИ направи Арбен Таравари. Изјави толку тешки зборови што не може да ги каже човек со малку разум.“, вели Бејта.
Невзат Бејта претходно беше градоначалник на Гостивар два мандати, а ова ќе биде неговата шеста кандидатура за градоначалник на оваа општина.







