-2.2 C
Skopje
20 December, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeСветАвстралискиот политичар осуден за силување, одбива да поднесе отставка од Парламентот

Австралискиот политичар осуден за силување, одбива да поднесе отставка од Парламентот

- Advertisement -spot_img

Австралискиот политичар осуден за силување, одбива да поднесе отставка од Парламентот

И покрај тоа што е осуден за силување и моментално е во затвор, политичар од Нов Јужен Велс, Австралија, инсистира дека сака да остане член на државниот парламент.

Судот во јули го прогласи Гарет Ворд за виновен за сексуален напад врз двајца млади мажи, на возраст од 18 и 24 години, во неговиот дом помеѓу 2013 и 2015 година. Ворд моментално е во притвор, чекајќи ја пресудата.

Парламентот на државата Нов Јужен Велс планираше да го исклучи 44-годишниот политичар оваа недела откако тој одби да поднесе оставка по пресудата за виновен. Сепак, адвокатите на Ворд, кој планира да поднесе жалба на неговата пресуда, велат дека ќе бараат судски забрани за да се спречи исклучувањето на независниот пратеник.

Премиерот на Нов Јужен Велс, објави Би-Би-Си, го изрази својот гнев кон политичарот, велејќи дека „нема срам“. Тој дури и го повика да поднесе оставка, велејќи дека тоа е „првата и најочигледна опција“. „Некој седи во затвор осуден за сериозни сексуални престапи, а бара да остане член на парламентот и да продолжи да добива плата“, рече премиерот.

Во истиот контекст беше и изјавата на лидерот на опозициските либерали, на кои претходно припаѓаше Ворд.

Ворд поднесе оставка од функцијата министер во државната влада и од Либералната партија кога обвинувањата излегоа на виделина во 2021 година, но одби да поднесе оставка од парламентот и беше повторно избран за пратеник во својата изборна единица во 2023 година.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img