HomeМакедонијаАвиони во паника над Скопје: опасен „wind shear“ ги принуди пилотите да...

Авиони во паника над Скопје: опасен „wind shear“ ги принуди пилотите да се откажат од слетување

- Advertisement -spot_img

Авиосообраќајот на Меѓународниот аеродром Скопје вечерва повторно се соочи со сериозни прекини, откако беше забележан опасен метеоролошки феномен познат како „wind shear“ – нагла промена на брзината и насоката на ветерот, која претставува директна закана за безбедното слетување на авионите.

Според првичните информации, најмалку два лета, еден од Истанбул и еден од Венеција, не успеале да воспостават стабилен приод кон пистата во Скопје. Поради ризикот од несигурно слетување, двата авиона биле принудени да се пренасочат кон аеродромот во Приштина.

Особено драматична била ситуацијата со летот од Венеција, кој повеќе од еден час кружел над Скопје обидувајќи се да најде погоден прозорец за слетување. Но поради постојаното присуство на „wind shear“ и нестабилниот воздух над пистата, екипажот донел одлука за пренасочување.

Авиосообраќајот останува нарушен и во следните часови, а патниците се повикуваат редовно да ги проверуваат известувањата од своите авиокомпании за нови информации и промени во распоредот.

Стручњаците потсетуваат дека „wind shear“ е еден од најопасните метеоролошки феномени за пилотите и може да предизвика нагло губење на висина при финалниот приод, што го прави секое слетување потенцијално ризично. Аеродромските служби внимателно ја следат состојбата и ги преземаат сите неопходни мерки за безбедност на патниците и екипажите.

https://prv.mk/

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img