2.8 C
Skopje
1 February, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонија,,Аудито А6″ на Мерко, од 67.000 евра, се продава за 10.000 евра

,,Аудито А6″ на Мерко, од 67.000 евра, се продава за 10.000 евра

- Advertisement -spot_img

Советот на Општина Струга донесе одлука да го продаде општинското „ауди А6“ што го купи поранешниот градоначалник Рамиз Мерко. Возилото купено за 67.000 евра сега ќе се продава на јавно наддавање со почетна цена од само 10.000 евра.

– И ние како советничка група и неколку останати советници гласавме за продажба на тоа возило од проста причина што многу добро знаеме во какви околности беше купено тоа возило и во какво време, кога не беа запазени приоритетите на граѓаните. Струга имаше многу посериозни проблеми кои требаше да се решат, а не да се купува едно такво луксузно возило, изјавил за Алфа, Коста Хиохи, советник од ВМРО.

Согласно важечките прописи, за возилото е пресметувана годишна амортизација од 15 отсто, при што неговата моментална проценета вредност изнесува 618.602 денари или 10.000 евра.

– Почетната цена на продажбата ќе биде еднаква на проценетата вредност, утврдена од овластен проценител. Крајната продажна цена ќе се утврди преку самата постапка на јавно електронско наддавање – велат од Општина Струга.

Аудито кое како службено возило се користело шест години, било поправано два пати, во март 2024 и во јануари 2025 за што биле потрошени 4.000 евра.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img