Возило „ауди“ било опожарено среде ноќ во Сарај.
– На 21.03.2026 во СВР Скопје е пријавено дека околу 02:20 часот во с.Сарај, скопско, било опожарено патничко возило „ауди а6“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на С.А.(64) од село Сарај, а кое било паркирано во неговиот двор. Пожарот го изгаснал сопственикот со неговиот син Б.А., а повредени лица нема, информираа од полицијата.
Известен е јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.








