Италијанската модна групација Армани работи успешно и по смртта на нејзиниот основач Џорџо Армани, бидејќи денес генералниот директор Џузепе Марсочи ги презентираше резултатите за 2025 година, кои укажуваат на стабилни приходи од околу 2,2 милијарди евра, додека компанијата во исто време наведува дека има на располагање 600 милиони готовина.
Приходите на Армани изнесуваа 2,19 милијарди евра во 2025 година, што е мало намалување од 2,8 проценти, но кога ќе се вклучат сите лиценци (како што се парфеми и очила), вкупната вредност на продажбата надминува четири милијарди евра, објавува Sole 24 Ore.
Според Марсочи, EBITDA на групацијата Армани во 2025 година се зголеми за 3,2 проценти, од 148 на 152,7 милиони евра, додека EBIT достигна 52,6 милиони евра, што претставува зголемување на профитот во споредба со претходната година.








