8.8 C
Skopje
27 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeСпортАрина Сабаленка го прозва Јаник Синер?

Арина Сабаленка го прозва Јаник Синер?

- Advertisement -spot_img

Најдобрата тенисерка во светот, Арина Сабаленка, ја совлада Американката со српско потекло Ива Јовиќ и се пласираше во уште едно гренд-слем финале, а за нејзините зборови по мечот ќе се зборува и во наредните денови. Белоруската тенисерка го коментираше покривот на „Род Лејвер арената“, тема за која веќе со денови се дискутира на турнирот во Мелбурн.

Како и обично, Сабаленка беше без влакна на јазикот пред медиумите, па многумина се прашуваат дали овојпат „пецна“ некои тенисери како Јаник Синер, кој имаше проблеми со жештината во претходните денови. Откако одговори на прашањето, широко се насмевна, па останува дилемата дали беше сериозна или навистина „удри“ по еден од најдобрите колеги.

„Надвор беше жешко. Мислам дека ние, жените, сме посилни од момците, па мораа да го затворат покривот за тие да не страдаат, знаете?“, изјави Арина Сабаленка по победата над Ива Јовиќ и се насмеа пред камерите. Многумина ова го протолкуваа како прозивка кон Јаник Синер, кого токму затворањето на покривот го спаси од елиминација на Австралија опен пред неколку дена.

„Имав среќа со правилото за жештина, кога беше затворен покривот. Тоа ми даде повеќе време, чувствував проблеми со грчеви и како што одминуваше времето се чувствував сè подобро“, изјави Јаник Синер по победата. 

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img