Апликацијата „МојДДВ“ за сканирање фискални сметки заради поврат на данокот не работи пет дена. Почнувајќи од 10 јуни, се добива порака „нема конекција со УЈП“ при внесување на пинкодот за влез во апликацијата.
„Ве информираме дека апликацијата ‘МојДДВ’ моментално функционира со повремени забавувања. Нашите тимови активно работат на утврдување на причините и на надминување на предизвиците, со цел што поскоро да се обезбеди нејзино непречено функционирање“, соопшти УЈП а својата фејсбук страница на 12 јуни, но два дена подоцна, апликацијата сè уште е вон функција.
Со сканирање фискални сметки граѓаните имаат право на поврат до 2.100 денари за тримесечен период. Јуни е последниот месец од тримесечјето кога УЈП треба да ја изврши уплатата на повратот.
Од УЈП во март, на крајот на претходното тромесечје кога доцнеше исплатата, кажаа дека согласно законските одредби, рокот за поврат на ДДВ изнесува 60 дена по завршувањето на кварталот.








