домаМакедонијаАмандманска расправа за измените на предлог-законите за животна средина и за административни...

Амандманска расправа за измените на предлог-законите за животна средина и за административни службеници

- Advertisement -spot_img

Во Собранието денеска ќе заседаваат три комисии – Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање, Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија.

Членовите на Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање ќе го разгледуваат Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за животната средина, во второ читање. Основни цели на Предлог-законот за животната средина е транспонирање на Директивата 2014/52/ЕУ со што ќе се зајакне квалитетот на постапката за оценка на влијание врз животната средина односно ќе се осигури дека заштитата на животната средина е подобрена, ефективноста на ресурсите е зголемена и одржливито развој е подржан.

Со овој закон, според образложението, се врши усогласување со Директивата 2014/52/ЕУ на Европскиот парламент и на Советот од 16 април 2014 година, со која се изменува Директивата 2011/92/ЕУ за оцена на влијанието од одредени јавни и приватни проекти врз животната средина (CELEX бр.32014L0052). За овој Предлог-закон поднесени се осум амандмани од пратеникот на Левица, Сашко Јанчев.

На Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците е Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за административни службеници, по скратена постапка. Предложените измени се со цел да обезбедат појасна, единствена, ефикасна и правно сигурна примена на прописите, уредувајќи го статусот на службениците во Службата на Собранието и регулаторните тела на исто ниво со другите посебни државни службеници.

Со предложениот закон, исто така, се укинува можноста за унапредување на административните службеници без објавување интерен оглас, со што се обезбедува еднаков пристап и примена на мерит-системот.

-Дополнително, се врши јасно разграничување на овластувањата за застапување на Агенцијата во управните и судските постапки, се прецизира запирањето и роковите за доставување акти, а постапката се поедноставува преку отстранување на преклопувањата, единствено со подзаконско уредување и транспарентно објавување на конечните резултати. Со овој предлог-закон се воведува јасна правна последица со која на административниот службеник, кој две години последователно ќе биде оценет со оценка „1 – не задоволува“, му престанува работниот однос по сила на закон. Се овозможува поекономично спроведување на постапките без неоправдано одолговлекување (со задржување на правото на жалба) и целосно се уредуваат дисциплинската и материјалната одговорност. Предлог-законот овозможува усогласено уредување на правото на плата и преку други посебни закони за одредени категории службеници, додека примената на членот 80 се одложува до 1 јануари 2028 година. Со предложените изменувања и дополнувања на Законот се врши усогласување со Законот за високи раководители и Законот за Собранието на Република Македонија – се вели во образложението за Предлог-законот објавено на собраниската веб-страница.

Со Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за административни службеници се предлага усогласување на класификацијата на работните места и системот на плати со предложеното издвојување на државниот секретар од нивото А1. За овој Предлог-закон поднесени се два амандмана од пратеничката на НСДП, Соња Мираковска, и еден од пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски.

Измените и дополнувањата на Законот за административни службеници, по скратена постапка, ќе бидат разгледани и на собраниската Законодавно-правна комисија.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img