8.8 C
Skopje
10 February, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаАлиу: Целосно реконструирани сместувачките капацитети на Клиниката за пластична хирургија

Алиу: Целосно реконструирани сместувачките капацитети на Клиниката за пластична хирургија

- Advertisement -spot_img

На Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија е извршена целосна реконструкција на сместувачките капацитети, каде изминатиот период се лекуваа дел од повредените лица од пожарот во Кочани и по тој повод министерот за здравство, Азир Алиу денеска ја посети оваа Клиника.

– Целосно се реконструирани сместувачките капацитети на Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија. Реновиран е посебен апартман во клиниката, како и собата за преврски, со што пациентите добиваат унапредени услови за престој и третман, а значително е подобрена и функционалноста на просторот, што директно влијае на квалитетот на грижата за пациентите. Со донацијата од Големата ложа на Македонија, во вредност од 25 илјади евра, обезбедена е и нова медицинска опрема, која опфаќа антидекубитални душеци, медицински лопатки, сталаци за инфузија, и други апарати, истакна министерот Алиу при посетата.

Министерот Алиу изрази благодарност за значајниот филантропски гест до членовите на Големата ложа на Македонија и на целото раководство, кои со овој чин покажуваат дека филантропијата е одговорност, а не само убав збор, а воедно и дека јавниот здравствен систем има пријатели и партнери кои веруваат во можноста за унапредување на грижата за пациентите.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img