Флоренци (34) ја започна кариерата во Рома, а потоа играше за Кротоне, Валенсија, Пари Сен-Жермен и Милан. Го напушти Милан во јуни годинава, а играше за „Росонерите“ во последните четири сезони.
Флоренци одигра 49 натпревари за италијанската репрезентација од 2012 до 2022 година, постигнувајќи 2 гола. Со „Аѕурите“ го освои Европското првенство 2020, кое се одржа во 2021 година.
„Сакам да им се заблагодарам на сите соиграчи, тренери, членови на стручниот штаб и директори. Вашата поддршка и професионализам ми овозможија да растам и како личност и како фудбалер“, напиша Флоренци на Instagram







