1.8 C
Skopje
8 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонијаАлармантни бројки кај тинејџерите: Секој десетти земал лекови за болка за да...

Алармантни бројки кај тинејџерите: Секој десетти земал лекови за болка за да биде „хај“, покажува ново истражување

- Advertisement -spot_img

Речиси 10 отсто од средношколците на возраст од 15 и 16 години во Македонија користеле лекови против болка со цел да постигнат чувство на „хај“, покажуваат најновите резултати од истражувањето на Институт за јавно здравје. Истражувањето, спроведено врз над 2.800 ученици, отвора сериозни прашања за растечките ризични навики кај младите.

Според податоците, 10,1% од учениците признале дека земале аналгетици без медицинска потреба, додека 6,6% користеле седативи или транквилизатори без рецепт. Експертите предупредуваат дека ваквата злоупотреба е особено опасна бидејќи лековите често се перципираат како „побезбедни“ од дрогите, а лесно се достапни во домовите.

Во однос на канабисот, 5% од учениците изјавиле дека го користеле барем еднаш во животот, 4,3% во последната година, а 2,6% во последниот месец. Иако овие бројки се релативно стабилни во изминатите 15 години, ИЈЗ оценува дека канабисот останува „нормализиран“ дел од ризичното однесување кај адолесцентите.

Употребата на потешки дроги како кокаин, амфетамини и екстази е под 2%, но загрижува фактот што дел од учениците започнуваат со канабис на возраст од 13 години или помлади, почесто момчиња отколку девојчиња.

Истражувањето открива и сериозни празнини во знаењето. Додека алкохолот и цигарите се препознаваат како ризични, е-цигарите и новите синтетички супстанции често не се сметаат за опасни.

Заклучокот на ИЈЗ е јасен: потребни се посилни едукативни програми и поголема вклученост на семејствата и училиштата, бидејќи ризиците се менуваат – но проблемот останува.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img