домаСветАларм: Повеќе од 1.000 мигранти во последните денови препливале од Мароко до...

Аларм: Повеќе од 1.000 мигранти во последните денови препливале од Мароко до Шпанија

- Advertisement -spot_img

Повеќе од 1.000 мигранти во последните денови препливаа од Мароко до шпанската северноафриканска енклава Сеута. Стотици исцрпени, боси и целосно мокри луѓе се движат низ улиците, додека прифатниот центар во шпанскиот град со околу 80.000 жители е целосно преполн. Според медиумските извештаи, досега биле пронајдени телата на четири лица кои се удавиле.

Мароканската армија запрела повеќе од 500 луѓе кои се обиделе да препливаат до Сеута, од каде што сакале да стигнат до Европската Унија, објавија медиумите. Блиските марокански плажи биле затворени.

„Ова ги руши сите рекорди: Сеута е на крајот од своите можности“, пишува весникот „Faro de Ceuta“, цитирајќи полицајци кои предупредуваат дека бројот на мигранти би можел да достигне 5.000 до август доколку властите не преземат мерки.

На фотографиите се гледаат луѓе во морето со гуми за спасување и автомобилски гуми. Наводно, меѓу нив била пронајдена и мајка со нејзините три деца.

Мигрантите често поминуваат три до четири часа во вода, сè додека не бидат спасени или со последните сили не стигнат до една од плажите на Сеута.

До неделата, хуманитарните организации изброиле вкупно 27 лица кои се удавиле само оваа година.

Причината за најновиот бран на миграција е одлука на шпанскиот Врховен суд. Судот им забрани на безбедносните сили веднаш да ги враќаат во Мароко мигрантите кои преку море пристигнале во двете шпански енклави — Сеута и Мелиља.

Таквите таканаречени „жешки враќања“ без спроведување на постапка, како што се нарекуваат во Шпанија, се дозволени само доколку мигрантите ги совладале граничните бариери, кои се состојат од огради високи неколку метри.

Во последните години, големи групи африкански мигранти повеќепати се обидувале да ги преминат овие граници. Во 2022 година, повеќе од 20 лица загинале во масовен обид за преминување на граничната ограда кај Мелиља.

Другите региони одбиваат да примат малолетници

Овојпат Мароко, чии безбедносни сили соработуваат со шпанските власти, соработува во спречувањето на мигрантите. Некои мигранти, сепак, се пожалиле дека откако биле пресретнати на море од безбедносните сили, биле ставени во автобуси во Мароко и однесени во пустината Сахара.

Во минатото, Мароко ги користеше мигрантите како политички инструмент за притисок врз Шпанија. Во мај 2021 година, мароканската гранична полиција дозволи повеќе од 8.000 Мароканци да влезат во Сеута.

Шпанскиот Црвен крст сега посочи дека и пред најновата судска одлука имало континуирани пристигнувања на мигранти, кои во последниот период значително се зголемиле.

Меѓу мигрантите често има и малолетници. Шпанската држава е должна да се грижи за нив и не смее едноставно да ги врати назад.

Некои од нив, сепак, не чекаат и се обидуваат да се скријат под камиони кои со траект патуваат кон шпанското копно, оддалечено околу 14 километри.

Малата Сеута е целосно преоптоварена од големиот број малолетни мигранти, бидејќи другите регионални власти на шпанското копно одбиваат да примат малолетни бегалци од Сеута и од Канарските Острови, каде што илјадници мигранти со години се заглавени.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img