Центарот за управување со кризи извести дека денеска до 13 часот, регистрирани се вкупно шест пожари на отворен простор, од кои активни се два, а четири пожари се изгаснати.
Активни:
Општина Арачиново: с. Брњарци (ниска вегетација).
Општина Ѓорче Петров: нас. Волково (ниска вегетација).
Изгаснати:
Општина Чашка: с. Бањица (ниска вегетација).
Општина Струга: с. Биџево (ниска вегетација).
Општина Врапчиште: с. Сенакос (ниска вегетација).
Општина Делчево: Депонија Делчево (депонија).






