-2.2 C
Skopje
18 December, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeСпортАко Македонија се пласира на СП 2026, ФФМ ќе добие најмалку 10,5...

Ако Македонија се пласира на СП 2026, ФФМ ќе добие најмалку 10,5 милиони долари!

- Advertisement -spot_img

Во случај нашата А-репрезентација да се пласира на СП 2026, а има шанси преку мартовскиот бараж, тогаш Македонија односно ФФМ ќе добие од ФИФА најмалку 10,5 милиони долари.

Имено ФИФА и официјално објави дека наградниот фонд за Светското првенство во 2026 година ќе изнесува рекордни 727 милиони долари. По ждрепката за Светското првенство во 2026 година одржана на 5 декември во Вашингтон, ФИФА одобри рекордна финансиска распределба од вкупно 727 милиони американски долари, кои ќе бидат распределени во рамките на Светското првенство во 2026 година. Најголемиот дел од оваа сума, 655 милиони долари, што претставува зголемување од 50 проценти во споредба со претходното првенство, ќе биде исплатен како награден фонд за 48 репрезентации учеснички.
Шампионот ќе добие 50 милиони долари, поразениот финалист 33 милиони долари, третопласираната екипа 29 милиони долари, а четвртопласираната екипа 27 милиони долари. Екипите пласирани од петтото до осмото место ќе добијат по 19 милиони долари, од деветтото до 16-то место по 15 милиони долари, од 17-то до 32-то место по 11 милиони долари, додека селекциите од 33-то до 48-мо место ќе добијат по 9 милиони долари.
Дополнително, секоја национална репрезентација што ќе се квалификува ќе добие дополнителни 1,5 милиони долари за трошоци за подготовка, што значи дека на сите асоцијации им се гарантирани најмалку 10,5 милиони долари за учество на турнирот.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img