Избор на Влада со Бадентер, одлуките на Уставен за законите со Бадентерв, да се носат со двојно мнозинство, членството на Македонија во ЕУ и договорот кој што ДУИ го нуди за спас на државата – се предлозите кои се очекува лидерот на ДУИ Али Ахмети да ги стави на маса пред премиерот Христијан Мицкоски утре на лидерската средба, доколку вечерва добие зелено светло од генералниот совет на партијата.
Според инфомациите на ТВ 24 на вчерашниото ЦП, иако имало поделени ставови, сепак мнозинството било дека Ахмети како лидер на како што велат најевропската партија треба да се појави на лидерската средба .
Во поканата која ја испратил премиерот Христијан Мицскоки стои дека ќе се разговара за политичката и економската состојба , а има и точка „разно“ што се толкува како можнст партијата да ја стави на маса својата агенда . Официјално од Мала Речица само велат дека конечната одлука ќе биде донесена денеска.
– Ако се донесе одлука Претседателот на ДУИ Али Ахмети да оди на лидерска средба, ќе имаме своја агенда и ќе ги претстави нашите предлози кои добија поддршка од Конгресот. Договорот за прогрес на државата , двата Бадентера за избор на Влада и за одлуките како и членството на земјава во ЕУ , вели за ТВ 24 висок функционер на ДУИ.
Со своја агенда и Левица , Димитар Апасиев кој заедно со координаторот Борис Крмов ќе го образлажи својот план за една изборна единица и еднаков медиумски пристап за избори за сите партии .
Од Бихаќка и денеска само ги повторувата аргументите на нивниот лидер Венко Филипче за бојкот на утрешната средба иницирана од премиерот. И денеска повторуваат дека не смее ад се укине техничката Влада .
СДСМ
– На Мицкоски и на ВМРО им се брза со предремени избори и мигранти за пари, но факт е дека не се созреани условите во општеството за укинување на техничката влада поради криминалната власт.Во вакви услови укинувањето на техничката влада би значело директен удар врз демократијата и загрозување на волјата на граѓаните.Техничката влада мора да остне и СДСМ ќе ги искористи сите демократски механизми, да го заштити изборниот процес и слободната волја на граѓаните.
Со агендата на премиерот пакк се согалсувата неговите коалициски партнери. Од вреди отворени з аевентурални разговори за изборниот модел, а за техничката Влада на ист став како ВМРО ДПМНЕ . Утре на мса ќе седнат лидрот на бЕса Билала Касами и координаторот на ПГ .
Интересно е што Знам нема да ги предводи Макисм димитриевски, туку генералниот секретар Горан Минчев со координаторот Бобан Карапејовски.
Официјално Мицкоски кажа дека во фокусот на средбата се реформските закони, како и избор на народен правобранител кој може да го сапси само ДУИ и Али Ахмти со Бадинетер , ккао и кинување на пржинската Влада . Таа е дел од догоорт меѓу Никола Гриуевски и Зоран Заев во Пржино, за која СДСМ барање да се укине кога беше валста , а ВМТП Дпмне беше против како опозиција.









