Разликата помеѓу цената на недвижностите и расположливиот доход во Грција е зголемена, поради што бројот на домашни купувачи кои можат да купат недвижности е значително намален, оценија експертите за пазарот на недвижности на конференцијата „Продекспо 2025“.
„Бројот на домашни купувачи кои можат да го задоволат сегашното ниво на цените е значително намален, бидејќи разликата помеѓу вредноста на недвижностите и расположливиот доход е зголемена“, изјави претседателот на Панхеленската федерација на здруженија на агенти за недвижности на Атина и Атика, Лефтерис Потамијанос, пренесува „Катимерини“.
Според него, овие случувања го прават пазарот на недвижности во Грција ранлив на кризата, бидејќи повеќе се потпира на побарувачката од странство за да функционира.






