Од 5 до 8 септември, во паркот „Авионче“, во скопската населба Аеродром ќе се одржи првиот „Аеро уличен фестивал на храна“. Организаторите најавуваат урбана музичка програма и забавни активности за сите генерации, а влезот ќе биде бесплатен.
Настапуваат бендовите „Рингтонс“ (фото), „Саутпарк“ и „Брејкдаун бенд“ и диџеите Гоце Саф, Александар Јорданов, Марко, Мицов, Шиме, Моно, Фудимен, Гардијан и Фичо.
Гастрономската понуда ќе биде од 4 кујни, А-американска, Е-европска, Р-регионална и О-ориентална, и оттаму името на фестивалот кој ќе се одржува секој ден од 17:30 до 00:30 часот.









