7.8 C
Skopje
19 December, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонијаАјтен Адеми Авдурамани успешно го одбрани специјалистичкиот труд на Фармацевтскиот факултет

Ајтен Адеми Авдурамани успешно го одбрани специјалистичкиот труд на Фармацевтскиот факултет

- Advertisement -spot_img

Ајтен Адеми Авдурамани, дипломиран фармацевт од 2011 година на Фармацевтскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, оствари значаен професионален и академски успех со успешната одбрана на својот специјалистички труд.

Од 2015 година таа е вработена во Агенцијата за лекови и медицински средства, во Секторот за оценување на документацијата за издавање одобрение за ставање лекови во промет, каде активно учествува во оценувањето на досиеја во рамки на постапките за одобрување, обновување и измена на одобренијата за ставање лекови во промет. Повеќе од шест години, Ајтен Адеми Авдурамани е активно вклучена и во работата на Комисијата за лекови за хумана употреба и Комисијата за клинички испитувања на лекови и медицински средства, со што дава континуиран придонес во унапредувањето на регулаторниот фармацевтски систем.

„Улогата на системот на фармаковигиланца во мониторирањето на безбедноста на лековите што се користат надвор од одобрената индикација во Република Северна Македонија кај педијатриската популација“
беше пријавен во декември 2024 година и одобрен од Наставно-научниот совет на Фармацевтскиот факултет на седницата одржана на 30.12.2024 година. За ментор беше назначена проф. д-р Зорица Наумовска, а воедно беше формирана и Рецензентска комисија за оценување на трудот.

Насловот на одобрената тема беше објавен во Билтенот бр. 1323 на 01.02.2025 година. По завршувањето на трудот, на седницата одржана на 11.11.2025 година, Наставно-научниот совет го прифати позитивниот извештај на Рецензентската комисија и ја утврди датата за јавна одбрана. Јавната одбрана на специјалистичкиот труд се одржа на 16.12.2025 година, во присуство на претставници од академската и стручната фармацевтска јавност.

Овој труд претставува значајна новина за Фармацевтскиот факултет, бидејќи за првпат е изработен специјалистички труд кој на сеопфатен и стручен начин обработува исклучително чувствителна и актуелна тема, со посебен фокус на безбедноста на лековите кај педијатриската популација. Професионалниот и научниот ангажман на Ајтен Адеми Авдурамани претставува вреден придонес во заштитата и унапредувањето на јавното здравје во Република Северна Македонија.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img