домаШоубизГИДРА ГИ НАДМУДРИЛ СИТЕ НА СНИМАЊЕТО НА „ЖИКИНА ДИНАСТИЈА“: Му забраниле алкохол,...

ГИДРА ГИ НАДМУДРИЛ СИТЕ НА СНИМАЊЕТО НА „ЖИКИНА ДИНАСТИЈА“: Му забраниле алкохол, а тој смислил неверојатен трик!

- Advertisement -spot_img

Легендарниот српски актер Драгомир Бојаниќ Гидра, познат по улогата на Жика во култниот филмски серијал „Жикина династија“, имал необичен начин да дојде до алкохол на снимањето, дури и кога продукцијата му забранила да внесува пијалаци на сетот.

Поради неговата позната склоност кон алкохолот, филмската екипа во еден момент одлучила целосно да забрани внесување пијалаци за време на снимањето. Но, Гидра, според раскажувањето на сценаристот и продуцент на „Жикина династија“, Јован Марковиќ, пронашол начин да ја заобиколи забраната.

Наместо во шише, актерот наводно ја криел вотката во лубеница, која ја оставал во реката Босна за да се излади.

„Ќе земе лубеница, ќе ја исече средината, ќе стави внатре литар-два вотка, ќе го врати исечениот дел и ќе ја стави во реката Босна да се лади. Никој не смееше да ја допре неговата лубеница“, раскажал Марковиќ.

Лубениците имаат посебно место и во филмските сцени

Кога станува збор за Гидра и лубениците, многумина се потсетуваат на познатата сцена од седмиот дел на „Жикина династија“, во која плодовите му паѓаат од рацете додека Жика ја запознава Лилика, лик што го толкуваше Лидија Вукиќевиќ.

Сепак, приказната за лубеницата во која криел вотка е една од анегдотите што останале поврзани со снимањето на популарниот филмски серијал.

Драгомир Бојаниќ Гидра е роден на 13 јуни 1933 година во Крагуевац. Детството му било исполнето со тешки трагедии, рано останал без родителите, а според биографските записи, во еден период спиел и на железничка станица. И покрај тешкиот почеток, успеал да изгради забележителна актерска кариера.

На филмското платно дебитирал во 1955 година, а зад себе оставил десетици улоги што го направија едно од препознатливите имиња на југословенската кинематографија. За улогата во филмот „Свадба“ на Раде Шарановиќ ја освоил и престижната „Златна арена“ во Пула.

Гидра починал на 11 ноември 1993 година, на 60-годишна возраст, од рак на црниот дроб. Бил погребан во Алејата на великаните на Новите гробишта во Белград, а 12 години подоцна покрај него била погребана и неговата сопруга Љиљана Контиќ.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img