домаМакедонијаСилен земјотрес ја стресе Македонија – најмногу почувствуван во Битола и Охрид

Силен земјотрес ја стресе Македонија – најмногу почувствуван во Битола и Охрид

- Advertisement -spot_img

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утрово во 08 часот и 47 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, 140 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, M L 4.0.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Битола, Охрид и блиската околина со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

За потребите на сеизмолошките истражувања, доколку сте го почувствувале земјотресот, Ве молиме пополнете го прашалникот за почувствуваност достапен на линкот: https://seismobsko.pmf.ukim.edu.mk/prasalnici или јавете се на 112.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img