домаМакедонијаТунелот Катланово денес без осветлување шест часа

Тунелот Катланово денес без осветлување шест часа

- Advertisement -spot_img

Тунелот Катланово денеска од 9:20 до 15:20 часот ќе остане без електрично напојување поради зафат на електродистрибутивната мрежа.

На 10-киловолтниот далекувод кон тунелот, од страната на селото Бадар, ќе се врши замена на дрвен столб со бетонски.

Планираниот прекин се однесува само на тунелот Катланово, додека околните населени места ќе имаат редовно снабдување со електрична енергија. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Видливоста поради магла е намалена до 100 метри на патниот правец Куманово – Страцин, информира Јавното претпријатие „Македонијапат“.

На одделни патни правци низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони.

Од претпријатието апелираат на внимателно управување со возилата, на почитување на сообраќајната сигнализација и на приспособување на брзината кон условите на патот.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img