домаМакедонијаДимитриевски: Ставот на ЗНАМ за правосудниот испит е непроменет, очекуваме лидерска средба...

Димитриевски: Ставот на ЗНАМ за правосудниот испит е непроменет, очекуваме лидерска средба во декември

- Advertisement -spot_img

Ставот на политичката партија „Движење ЗНАМ за наша Македонија“ во однос на правосудниот испит останува непроменет, изјави вечерва претседателот на партијата Максим Димитриевски пред изборната конференција на која партијата го формира својот Клуб на жените.

​- Повторно ќе кажам, не постои можност за Македонија да си дозволи таков луксуз и со едно вакво решение да дојде во состојба да имаме судови во коишто ќе се судат Албанци, ќе се судат Македонци и ќе се судат останати. Судот е независна власт и тој треба да постапува кон сите граѓани подеднакво – рече Димитриевски.

​Според Димитриевски не може да се функционира во држава каде што прв и примарен службен јазик е македонскиот доколку не се познаваат правната регулатива и терминологија на оригиналниот службен јазик.

– Со една ваква дополнителна измена на законот сметам дека само би се искомплицирал правосудниот систем во државата, што значи нашиот став е непроменет. Ја чекаме лидерската средба да ги слушнеме и останатите аргументи – изјави Димитриевски.

​На новинарско прашање за позицијата на ЗНАМ во владејачкото мнозинство, Димитриевски одговори дека ЗНАМ е посебен политички субјект кој ставовите ги гради на партиските форуми, односно на Извршниот и Централниот одбор.

​- Нашиот став е општопознат, не од вчера, туку од многу одамна. Овие ставови се најавени на нашите политички партнери во власта уште при реконструкција на Владата – истакна тој, додавајќи дека партијата останува посветена на придонесот во работата на Владата и на имплементацијата на политиките ветени во предизборниот период.

ЗНАМ вечерва во Скопје на конференцијата со повеќе од 400 делегати ќе го формира Клубот на жените на ЗНАМ.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img