Случај во кој малолетник, кој претходно се оддалечил од установа за згрижување деца, наводно имал сексуални односи со возрасни лица е пријавен во полицијата.
Според информациите од МВР, на 25 ноември 2026 година, во 14:10 часот, во СВР Скопје од јавна установа за згрижување деца било пријавено дека малолетникот, по оддалечувањето од установата, во стан имал полови односи со возрасни лица.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.






