Триесет и двегодишен скопјанец е лишен од слобода по пријава дека физички ја нападнал својата 64-годишна мајка и оштетил дел од покуќнината во семејниот дом.
Како што информира МВР, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода мажот на 25 ноември, во 02:00 часот, на подрачјето на Центар.
Според пријавата, семејниот инцидент се случил претходниот ден, на 24 ноември.
Засега нема дополнителни информации за причините за нападот, ниту дали жената се здобила со повреди.
Од полицијата информираат дека по целосното документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.






