Утрото ќе биде ведро и студено, а преку денот променливо облачно. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Минималните температури ќе се движат од минус 8 до 0 степени, додека максималните дневни ќе достигнат од 6 до 12 степени.
Во Скопје, сончево и постудено со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.






