Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска во Атина остварил средба со министерката за надворешни работи на Унгарија, Анита Орбан, на маргините на министерскиот состанок на групата „Пријатели на Западен Балкан“.
Ова е нивна прва средба по назначувањето на Орбан на функцијата шефица на унгарската дипломатија.
Како што информира Муцунски, на средбата било изразено задоволство од досегашниот развој на билатералните односи и соработката меѓу двете земји, како и подготвеност за нивно натамошно унапредување во областите од заемен интерес.
Во фокусот на разговорите била и европската перспектива на земјите од Западен Балкан, при што биле нагласени потребата од континуитет и кредибилитет на процесот на проширување на Европската Унија.
Муцунски ја поздравил поддршката од Унгарија за европската интеграција на регионот, оценувајќи дека проширувањето е важен поттик за реформите, развојот и стабилноста.






