домаМакедонијаГерманија ја преполовува квотата за работници од Балканот: Од 2027 година само...

Германија ја преполовува квотата за работници од Балканот: Од 2027 година само 25.000 работни места

- Advertisement -spot_img

Германската влада донесе уредба со која годишната квота за работници од Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија од 1 јануари 2027 година се намалува од 50.000 на 25.000. Тоа значи дека работните места во Германија ќе бидат достапни за двојно помалку граѓани од регионот. За да стапи на сила, уредбата мора да ја потврди Бундесратот.

Предлогот го подготви германското Министерство за труд и социјални прашања, а германскиот канцелар на 4 ноември го упати до Бундесратот. Со измената на Уредбата за вработување, бројката 50.000 едноставно се заменува со 25.000.

Станува збор за таканареченото Правило за Западен Балкан, кое од 2016 година им овозможува на граѓаните од шесте земји да работат во Германија без признаена диплома или стручна квалификација. Услов е да имаат конкретна понуда за работа. Германската агенција за вработување ги проверува условите и дали за тоа работно место има кандидати што имаат предност.

Квотата беше удвоена од 25.000 на 50.000 дури во средината на 2024 година, па сега се враќа на претходното ниво. Владата во образложението наведува дека сака да ја намали работната миграција што не зависи од квалификациите. Преполовувањето е договорено во коалицискиот договор на демохристијаните од ЦДУ и ЦСУ и социјалдемократите од СПД. Коалицискиот одбор на 1 јули оваа година одлучи тоа да важи од почетокот на 2027 година.

Квотата се однесува на првите дозволи за вработување. Министерството проценува дека годишно ќе има 25.000 помалку барања за визи, исто толку помалку барања за работни дозволи и 16.666 помалку барања за продолжување на дозволата или промена на работодавачот. Документот не предвидува посебни правила за оние што веќе работат во Германија според ова правило.

Интересот и досега беше поголем од бројот на местата. Според Агенцијата за вработување, квотата за 2025 година беше потрошена уште кон крајот на ноември. Само во декември се одбиени околу 18.000 барања, бидејќи слободни дозволи повеќе немаше.

Затоа Агенцијата за вработување бара квотата да остане 50.000, а Сојузот на германските работодавачи бара ограничувањето целосно да се укине. Против намалувањето се и здруженијата од градежништвото, угостителството, туризмот и логистиката. Градежниот сектор предупредува дека би можеле да му недостигаат околу 8.000 работници.

Конечниот збор го има Бундесратот, сојузниот совет преку кој 16-те германски покраини учествуваат во донесувањето закони и прописи. Во него не седат директно избрани пратеници, туку членови на покраинските влади. Секоја покраина има од три до шест гласа, во зависност од бројот на жители.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img