Македонската Претседателка Гордана Сиљановска-Давкова му го честиташе изборот за спикер и ВД претседател на Србија Александар Чупиќ.
Сиљановска-Давкова порачува дека се надева вршителот на должноста шеф на српската држава да биде нејзин гостин за 5 дена во Охрид каде во рамки на процесот ,,Брдо – Бриони” се одржува самит на претседателите на земјите од екс Југославија плус Албанија кој го иницираа Словенија и Хрватска а се одржува без прекин од 2013 година.
,,Дозволете ми да му честитам на Александар Чупиќ за неговиот избор за претседател на Народното собрание на Република Србија – највисокото претставничко тело и носител на уставотворната и законодавната власт.
Се надевам и посакувам севкупните македонско-српски меѓудржавни и општествени односи да останат ослободени од нерешени прашања и да продолжат да бидат интензивни, плодни и пријателски.
Со нетрпение очекувам да му посакам добредојде во Охрид, по повод регионалниот состанок во рамките на процесот „Брдо-Бриони“”, објави Сиљановска-Давкова на социјалната мрежа Х.
Во честитката Сиљановска-Давкова на Чупиќ му посакува многу успех во работата насочена кон развојот на демократска и просперитетна Република Србија.






