домаМакедонијаДЗР утврди слабости во ИТ безбедноста на Фондот за здравствено осигурување

ДЗР утврди слабости во ИТ безбедноста на Фондот за здравствено осигурување

- Advertisement -spot_img

Потребни се дополнителни мерки за зајакнување на информациската безбедност во Фондот за здравствено осигурување. Ова го покажува ревизијата на Државниот завод за ревизија, со која се утврдени слабости во стратешкото и оперативното управување со ИТ, управувањето со безбедносните ризици, човечките капацитети, одржувањето и надградбата на системите, како и обезбедувањето континуитет на работењето.

Еден од позначајните наоди се однесува на недостигот од кадар во Секторот за информатика. Од вкупно 42 систематизирани работни места, пополнети биле само седум, односно 16,67 проценти. Не е пополнета ниту позицијата „Офицер за сигурност на информациониот систем“, која има важна улога во управувањето со безбедносните политики, мониторингот на системите и заштитата на базите на податоци.

Ревизијата утврдила дека иако во јули 2023 година основна онлајн обука за сајбер-безбедност завршиле 556 од вкупно 830 вработени, во следниот период не биле спроведувани континуирани обуки и активности за информациска безбедност. Не биле реализирани ниту симулации со лажни фишинг-пораки за проверка на подготвеноста на вработените да препознаат сајбер-напади.

Слабости се констатирани и во одржувањето и поддршката на ИТ системот. Анализата на осум клучни договори за ИТ услуги за периодот од 2023 до 2025 година покажала дека во одредени периоди имало празнини во договорното покривање, односно периоди без обезбедени услуги за одржување и поддршка.

Дополнително, до завршувањето на ревизијата не било спроведено пенетрационо тестирање на целиот информациски систем, со кое би се идентификувале потенцијалните слабости во неговата заштита. Утврдени се и недостатоци во политиката за поврат на податоците од резервните копии, како и отсуство на тестирање на нивното обновување.

Од Државниот завод за ревизија посочуваат дека се потребни дополнителни активности за унапредување на управувањето со безбедносните ризици, политиките и процедурите, техничките ресурси и плановите за континуитет на работењето.

Врз основа на утврдените состојби, ревизорите дале препораки за отстранување на слабостите и подобрување на ИТ безбедносните мерки и контроли. Фондот доставил акциски план во кој се наведени активностите што ќе бидат преземени, одговорните лица и роковите за нивно спроведување.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img