домаМакедонијаКолку луѓе лани дошле од Индија, Непал и Бангладеш во Македонија?

Колку луѓе лани дошле од Индија, Непал и Бангладеш во Македонија?

- Advertisement -spot_img

Во Македонија лани дошле 805 луѓе од Индија, од Бангладеш 552, а од Непал 430 луѓе. Од Филипините во земјава дошле 60 луѓе. Ова се податоците на Државниот завод за статистика(ДЗС), за доселени граѓани, странци со привремен и со продолжен престој. Наведено е дека од Азија се доселиле 6.132 граѓани. Од Европа во земјава се дошле 2.611 граѓанин, додека од Африка се доселиле 77 луѓе.

Македонија „увезува“ работна сила од сиромашните азиски земји. Работници од Индија, Непал и Бангладеш работат во текстилот, градежништвото, угостителството, индустријата во земјава.

„Иако не се во голем број, работници од Азија има во градот. Во охридските хотели има работници од Бангладеш, од Непал, од Филипините. Тие најчесто се ангажирани како помошен персонал, за чистење, а поретко работат како келнери или шанкери“, додаваат од хотел во Охрид.

Македонија сепак е прифатлива дестинација за работа за азиските работници.

„Најголемиот дел се во градежништвото, во производствените погони, во фабрики, работат на лента, во угостителство како готвачи, помошници готвачи, собарки. Тоа е кадар што ни фали на нас. Но, сепак 90 отсто се во секторот градежништво. Мажи се во најголем дел, има и жени, но тие се во угостителството. Имаат искуство и претходно работеле во странство. Тие се на возраст од 20 до 40 години. Имаше неколку случаи каде се доселија со фамилии. Работат насекаде, нема правила, но најголем дел се во Скопје, ги има во Радовиш, Гевгелија, Штип, Виница“, велат од агенцијата Посредник24 од Скопје.

Oд Турција се доселиле 4.059, oд Пакистан лани во Македонија дошле 18 луѓе, од Кина 34, од Индонезија 16, од Сирија 29, од Тајланд 22 луѓе, од Бразил дошле 30 луѓе, од Мексико и од Перу по 10, од Египет 9.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img