домаМакедонијаМакедонски работник тешко повреден во Италија, со хеликоптер пренесен во болница

Македонски работник тешко повреден во Италија, со хеликоптер пренесен во болница

- Advertisement -spot_img

Македонски државјанин на возраст од 57 години е тешко повреден при несреќа на градилиште во Италија, откако паднал од скала додека извршувал работни задачи.

Поради сериозноста на повредите, работникот со хеликоптер бил пренесен во болница во градот Удине, пренесуваат италијанските медиуми.

Несреќата се случила вчера, кога 57-годишниот маж се качувал по скала кон натстрешница за да ослободи исечено дрво кое се заглавило во покривната конструкција. Од засега неутврдени причини, во еден момент изгубил рамнотежа и паднал од височина.

Неговата здравствена состојба е сериозна, а лекарите засега не даваат прогнози за понатамошното закрепнување.

Дополнителни лични податоци за повредениот не се објавени.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img