На состанокот на европските либерали во Даблин за време на неформалниот самит на ЕУ, потпретседателот на Светската федерација и организација – Либералната интернационала, Емил Кирјас, испрати остра, директна и отрезнувачка порака за улогата на Европската Унија во современиот геополитички поредок, истакнувајќи дека времињата на безусловно следење на европските лидери се минато, а граѓаните во регионот сè погласно ја гледаат хипокризијата и недостигот на конкретни резултати.
Дури и во Македонија веќе не се зборува само за формално членство во ЕУ, кое за многу граѓани стана непривлечно поради долгогодишните блокади и неисполнети ветувања, туку за градење држава според стандардите на земји како Бенелукс, Данска, Ирска или Естонија.






