домаХроника11 возачи лишени од слобода за безобѕирно управување: Пет возеле без положен...

11 возачи лишени од слобода за безобѕирно управување: Пет возеле без положен испит, тројца под дејство на алкохол

- Advertisement -spot_img

Полицијата во изминатото деноноќие лишила од слобода 11 возачи на различни локации низ државата поради безобѕирно управување со моторно возило.

Петмина од нив возеле без положен возачки испит, тројца биле под дејство на алкохол, двајца управувале возило и покрај активната забрана, а еден возач ја пречекорил дозволената брзина.

Меѓу оние што возеле без возачка дозвола е и 36-годишен жител на село Ораовица, радовишко, кој управувал и нерегистрирано возило, а бил и под дејство на алкохол.

Тројцата возачи затекнати под дејство на алкохол се од Прилеп, скопското село Инџиково и Охрид. Охриѓанецот претходно учествувал и во сообраќајна незгода со материјална штета.

Двајца возачи од селото Вирче, делчевско, и Струга биле зад воланот и покрај тоа што имале активна забрана за управување со моторно возило, додека 34-годишен радовишанец возел со брзина поголема од дозволената.

Од МВР информираат дека по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Полицијата апелира до возачите да ги почитуваат сообраќајните правила и да не седнуваат зад волан без положен испит, со активна забрана или под дејство на алкохол.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img