Пејачот Павле Камилоски ќе одржи концерт на 4 декември од 20 часот во салата на Филхармонијата , на кој ќе изведе познати италијански канцони, македонски евергрини и свои авторски песни.
На програмата се италијанските класици „Карузо“, „Средба“ (L’appuntamento) и „Љубов во Портофино“ (Love in Portofino), како и македонските песни „Убава си како музика“ и „Ми вети ти“. „Концертот е замислен како музичко патување низ љубовна приказна, а ќе бидат изведени и песни во чест на Тоше Проески и Владо Јаневски“, велат организаторите.
Гостин ќе биде пијанистот Дино Имери, а ќе настапат и децата од хорот „Крешендо“ од Тетово. Камилоски ќе биде придружуван од гудачки оркестар и бенд во живо, а ќе диригира Дијана Имери- Илкоска. Билетите се продаваат преку karti.com.mk.






