домаМакедонијаРечиси 6.000 евра јавен долг по жител, вториот ребаланс ги крати инвестициите

Речиси 6.000 евра јавен долг по жител, вториот ребаланс ги крати инвестициите

- Advertisement -spot_img

Јавниот долг на Македонија на крајот на јуни изнесувал 10,726 милијарди евра, или околу 5.900 евра по жител. Бројката е блиску до 6.000 евра што пратеникот на СДСМ Фатмир Битиќи ги спомена уште при јулската расправа за првиот ребаланс. На 10 ноември пред пратениците е вториот ребаланс, со помалку пари за капитални расходи и со дефицит од 46,3 милијарди денари.

Пресметката по жител се добива кога јавниот долг заклучно со 30 јуни ќе се подели со 1.819.074 жители, колку што проценил Државниот завод за статистика на крајот на 2025 година. Резултатот е околу 5.896 евра. Тоа е статистички просек, а обврските ги сервисираат институциите и јавните претпријатија што се задолжиле. Јавниот долг на крајот на јуни изнесувал 58,8 отсто од БДП.
Помалку пари за капитални проекти, ист дефицит како во јули

Со дополнетиот предлог, приходите се планирани на 374,2 милијарди денари, а расходите на 420,5 милијарди. Двете ставки се намалуваат за по 5,3 милијарди денари во однос на јулскиот ребаланс. Дефицитот, кој во првичниот буџет беше планиран на 39,2 милијарди денари, останува на 46,3 милијарди.

Според мислењето на Фискалниот совет за вториот ребаланс, планираните капитални расходи, со вклучена ставката КАПЕФ, се намалуваат за околу 6,3 милијарди денари во однос на јули. Советот предупреди дека со ваквата прераспределба дел од задолжувањето финансира тековни расходи. Битиќи во октомвриската комисиска расправа го посочи токму тоа како слабост на предлогот. Средствата за инвестиции се кратат, додека останува повисокиот дефицит што во јули беше образложен и со потребата од повеќе капитални вложувања.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на пленарната седница рече дека пониските приходи главно се последица на мерките за ублажување на цените на горивата. Корекциите кај капиталните расходи ги објасни со одложена реализација на дел од проектите. Според нејзиното образложение, со ребалансот се обезбедуваат дополнителни 3,7 милијарди денари за социјални трансфери.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img