домаМакедонија„Системот се вика патријархат и е смртоносен“: Протест во Скопје по убиството...

„Системот се вика патријархат и е смртоносен“: Протест во Скопје по убиството на малолетната Билјана од Богданци

- Advertisement -spot_img

„Не бараме сочувство, бараме одговорност“ – е пораката која денеска одекна на скопските улици, низ кои граѓаните протестираа во знак на револт по убиството на 17-годишната, Билјана Кириќ. Таа беше убиена од нејзиниот партнер, 21-годишниот Виктор Гунтаров, кој потоа си го одзеде и сопствениот живот.

По протестот во родниот град на Билјана, Богданци, граѓанската иницијатива „Ниту една повеќе“ организираше протест во Скопје на кој беше потсетено дека за една година, домашната црна статистика брои седум фемициди.

„Истата полиција, истите пропусти, истите барања и ветувања, само името е друго. Виктор ја уби и го запали нејзиното тело. Само во 2026 година се убиени седум жени, седум фемициди. Ова не се изолирани трагедии, семејни несогласувања, љубовни драми или моменти на лудило. Ова е систем, системот се вика патријархат и е смртоносен“, порача во својот говор пред Собранието, една од учесничките.

Таа рече дека младата Билјана веќе имала пријавено насилство и дека постоела судска мерка за заштита, но сепак, денес повеќе не е жива. Активстите и активистките на протестот побараа да се утврди дали надлежните институции можеле да преземат дополнителни мерки за да ја спречат трагедијата.

Неформалната граѓанска иницијатива „Ниту една повеќе!“ протестираше и минатиот септември кога во Велес беа убиени 31-годишната Росица Коцева и нејзиниот татко Киро. Убиството го изврши поранешниот партнер на Росица, Илија Стефановски кој потоа се самоуби.

Во последните неколку години, македонското законодавство претрпе низа измени со цел, поголема заштита на жртвите на родово-базирано насилство. И покрај ова, земјата е на трето место во Европа по најекстремниот облик на ова насилство, а тоа е фемицидот. Според извештајот од 2023 година на Евростат, статистичката служба на Европската унија, во Македонија се регистрирани шест фемициди на еден милион жители, со што земјата се наоѓа зад Латвија (17 жени на милион жители) и Литванија (10 жени на милион жители).

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img