домаХроникаМаж пронајден починат на улица во Гостивар – телото предадено на обдукција

Маж пронајден починат на улица во Гостивар – телото предадено на обдукција

- Advertisement -spot_img

Педесет и осумгодишен жител на Гостивар бил пронајден починат на улицата „Беличица“ во градот. Лекарска екипа пристигнала на местото по повик за интервенција, но лекарот можел само да ја констатира смртта.

Според информациите од полицијата, случајот бил пријавен на 6 ноември 2026 година, околу 19:50 часот, кога Итната медицинска помош од Гостивар го известила Секторот за внатрешни работи Тетово дека интервенирала на локацијата.

При прегледот не биле забележани видливи траги на насилство. Полициските службеници излегле на терен и утврдиле дека починатиот е М.Ф. (58) од Гостивар.

На местото бил извршен увид од екипа на ОВР Гостивар, во присуство на дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар.

По наредба на обвинителот, телото е предадено на обдукција, која треба да ја утврди точната причина за смртта.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img