домаХроникаРадовишанец се заканувал по телефон на вработени во странска амбасада

Радовишанец се заканувал по телефон на вработени во странска амбасада

- Advertisement -spot_img

СВР Струмица – ОВР Радовиш поднесе кривична пријава против 37-годишниот Ѓ.Н. од Радовиш, осомничен за загрозување лица под меѓународна заштита, откако телефонски упатил сериозни закани кон вработени во амбасада на странска држава во Македонија.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 4 ноември 2026 година пријавениот телефонски се јавил во амбасадата и на странски јазик им се заканувал на вработените, загрозувајќи ја нивната сигурност.

Настанот бил пријавен во полиција наредниот ден, по што полициски службеници го пронашле и го лишиле од слобода Ѓ.Н. За време на службениот разговор, тој го признал делото.

„По поднесената пријава, а врз основа на предлог на јавен обвинител, судија од Основниот суд Струмица донел решение за негово упатување на психијатриско посматрање во соодветна здравствена установа“, соопшти МВР.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img