Во рамки на Министерскиот форум ЕУ-Западен Балкан за правда и внатрешни работи, кој се одржува во Будва, остварив билатерална средба со министерот за правда на Црна Гора, Бојан Божовиќ.
На средбата ги потврдивме добрите односи и партнерството меѓу двете земји, нагласувајќи ја важноста од продлабочување на институционалната соработка во областа на правдата.
Разговаравме за унапредување на реформите во правосудните системи, размена на искуства и добри практики, зајакнување на владеењето на правото, борбата против корупцијата и забрзување на европската агенда.
Црна Гора е важен регионален партнер, а соработката меѓу нашите институции е од суштинско значење за изградба на поефикасни, транспарентни правосудни системи, усогласени со европските стандарди.
Продолжуваме со дијалог, партнерство и заедничка одговорност за постабилен регион и поблиска иднина во Европската Унија.






