Личните прашања за составот на идната Влада на Србија создадоа длабок јаз меѓу Студентите во блокада – Студентско движење (СП) кои две години ги предводеа протестите и демонстрациите во Србија и нивните политички претставниците – пратеници на Студентска листа (СЛ) во идниот српски парламент.
Само 11 дена откако победија на вонредните парламентарни избори во Србија, постои поделба меѓу оние кои веруваат дека новата Влада на Србија треба да ја изберат студентски пленуми, а тоа е собир на Студентите во блокада, а не пратениците од Студенстката листа (СЛ) во српскиот парламент откако ќе биде закажана конститутивната седница на новото собрание.
Практично, би им се одземало правото на одлука на пратениците од Студентската листа самостојно да изберат и изгласаат нова српска влада туку би добиле наредба од неформалните студенстки пленуми како да гласаат.
Според српските портали запознаени со несогласувањата, пленумот на Факултетот за политички науки (ФПН) жестоко се побунил против намерата пратениците од Студентска листа да избираат идни министри.
– Знаете што велат – велат дека „Студентска листа“ (СЛ) не црпи легитимитет од „Студентскиот движење“ (СД), и затоа „Студентскиот движење“ нема ексклузивно право да го создава составот на идната Влада – пренесуваат порталите.
Ова несогласување меѓу СП и СЛ отвора многу други прашања.
– На пример, дали претставниците од пленуми по факултетите птреку “Студентското движење“ (СП) се воопшто легитимни и способни самостојно да формираат Влада и да управуваат со земјата, а пратениците само да гласаат по нивни налози? Дали ќе има и други поважни одлуки во парламентот што СП ќе ги донесе наместо пратениците од СЛ? Во случај студенството движење (СП), однадвор да ја формира Владата на Србија, дали процесот на избор на членовите на Владата ќе трае толку долго колку и создавањето листа на кандидати за пратеници на Студентската листа (СЛ)?.
Предлози за идната Влада на Србија
Инаку, според сегашниот план и расположение, премиер на Србија би требало да биде поранешниот гувернер на Народната банка на Србија од времето на власт на Демократската странка – Дејан Шошкиќ, а таа влада би ги укинувала министрите без ресор. Владата би имала претседател и три потпретседатели.






