Брутален инцидент во Богданци со две жртви. Во изгорено возило пронајдено е телото на 17-годишна девојка, а во близина на автомобилот починато 21-годишно момче.
Од Обвинителството потврдија дека првичните индиции за случајот во Богданци упатуваат на убиство и самоубиство, но нагласуваат дека случајот во целост ќе биде испитан. Информираат и дека на 16 октомври имало пријава за загрозување на сигурноста по која веднаш е постапено, и дека во меѓувреме во граѓанска постапка на лицето му биле определени мерки за заштита од семејно насилство.
Семејството на 17-годишната девојка пред еден месец го пријавило осомничениот 21-годишник од Валандово за насилство. Случајот во полиција го пријавил таткото на малолетничката, кој изјавил дека неговата ќерка била физички нападната од нејзиното момче, кој ѝ се заканувал дека ќе ја убие.






