домаМакедонијаБурно деноноќие во Охрид и Струга: Физички пресметки, алкохол за малолетници, дрога,...

Бурно деноноќие во Охрид и Струга: Физички пресметки, алкохол за малолетници, дрога, агресивно однесување…

- Advertisement -spot_img

Полицискиот Билтен носи инфорамации за бурно деноноќие во Охрид и Струга: Регистирани се физички пресметки, точење на алкохол за малолетници, семејно насилство, пронајдена дрога, агресивно однесување кон полициски службеници…

На 31 октомври 2026 година, во 22.35 часот, во угостителски објект во Охрид, приведен е 46-годишник од Охрид кој претходно бил агресивен кон полициските службеници кои извршиле контрола во објектот и затекнале малолетни лица кои биле послужени со алкохолни пијалоци. По целосно документирање на настанот, против него и против правниот субјект, ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 1 ноември 2026 година, во 03.08 часот, на паркинг простор во Охрид приведено е 28-годишно лице од охридско село кој го нарушил јавниот ред и мир со викање, а потоа и со агресивно однесување кон полициските службеници кои вршеле службени дејствија. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 1 ноември 2026 година, во 02.40 часот, на улицата „Партизанска“ во Охрид, приведено е 18-годишно лице од струшко село кај кого, при извршен преглед биле пронајдени и одземени предмети со остатоци од опојна дрога марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 31 октомври 2026 година, во 19:30 часот, во СВР Охрид лишено е од слобода 50-годишно лице од Радовиш, по претходна пријава дека во дом во Охрид каде привремено престојувал, физички ја нападнал неговата сопруга. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 30 октомври 2026 година, во 10:40 часот, во полициското одделение во струшкото село Велешта е пријавено дека во авто плац во селото, бил нарушен јавниот ред и мир со физички напад извршен од страна на лице од истото село врз 76-годишник од Охрид. По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img