До 6 ноември, петок, до 15:30 часот се продолжува рокот за електронско аплицирање на годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности од културата за 2027 година, информира Министерството за култура и туризам.
Пријавувањето се врши електронски преку Националниот портал за е-услуги – uslugi.gov.mk.
Од Министерството ги повикуваат сите заинтересирани да аплицираат во предвидениот рок. За стручна помош при подготовката на пријавите, како што информираат, апликантите и оваа година ќе можат да се обратат до надлежните сектори во Министерството за култура и туризам.






