Откриен таен арсенал во подрум во скопскара населба Карпош. Семејната тајна на сопственикот го открила ќерката која по неговата смрт се симнала во подрумот да го расчисти и имала што да види-рачни бомби и муниција.
-На 26.10.2026 во 16:45 часот во СВР Скопје, А.К.(44) од Скопје пријави дека во подрумски простории на подрачјето на Карпош во Скопје, сопственост на нејзиниот покоен татко, биле пронајдени рачни бомби и муниција од различен калибар. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје, а пронајденото било подигнато за понатамошна постапка, соопштија од МВР.






